19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на акциите на европските берзи највисоки за седум години

Цените на акциите на европските берзи највисоки за седум години

rastenje ekonomija

Цените на акциите на европските берзи достигнаа највисоко ниво за последните седум години, бидејќи инвеститорите очекуваат дека Атина ќе постигне компромис со кредиторите, со што би избегнала банкрот и излегување од еврозоната.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 13.00 часот беше во плус 0,5 отсто, на 1.512 поени, што е негово највисоко ниво од почетокот на 2008 година.

Исотвремено, лондонски FTSE беше во плус 0,05 отсто, на 6.901 поен, франкфуртски DAX се зголеми за 0,54 отсто, на 10.954 поени, а париски CAC за 0,95 отсто, на 4.799 поени.

И грчкиот берзанси индекс порасна и тоа за 1 отсто, откако грчката влада потврди дека во средата ќе побара продолжување на договорот за заем со еврозоната, но не и на целата програма за финасиска помош.

Откако во понеделникот на состанокот на министрите за финансии на еврозоната Грција одби да ја продолжи програма на меѓународна финансиска помош бидејќи не сака да спроведе реформи и мерки на штедење предвидени со програмата, Атина се соочи со можен банкрот, со оглед дека во наредните месеци нема да има доволно пари за исплата на сите странски финансиски обврски.

Вчера, пак, во Брисел анонимен извор на новинарите им рече дека Грција ќе побара продолжување на спогодбата за заем за најмногу за шест месеци, но за условите се уште се преговара. Сега тоа грчката влада и службено го потврди.

„И додека политичката ситуација во Грција останува волатилна, економската и финасиската се под нешто поголема контрола. Оттука и натаму очекувам тренд на раст на пазарите на акции и купувам при секој пад на цените на акциите“, вели Андреас Клиноу, трговец во хеџ-фондот Acies Asset Management.

Можноста од компромис најмногу ја поттикна цената на акцијата во презадолжените јужни членки на еврозоната, кои во последните денови беа под притисок поради можно излегување на Грција од тој блок. Така италијански FTSE MIB скокна 1,3 отсто, додека шпански Ibex порасна за 0,9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП