27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДомбровскис: Единствено реално сценарио е продолжувањето на програмата за помош

Домбровскис: Единствено реално сценарио е продолжувањето на програмата за помош

vladis dombrovskis

„Единственото реално сценарио за Грција е да побара продолжување на сегашната програма за меѓународна финансиска помош, што вклучува задржување на постојните услови од договорот“, изјави во средата потпретседателот на Европската комисија задолжен за еврото и социјалниот дијалог, Валдис Домбровскис.

Домбровскис на прес-конференцијата во Брисел на повтореното новинарско прашање јасно одговори дека Грција нема да може да добие нови заеми без исполнување на условите од сегашната програма за меѓународна финансиска помош.

„Единствениот реален пат е да побара продолжување на актуелната програма, а тоа, исто така, подразбира задржување на сегашните услови“, рече потпретседателот на ЕК за еврото и социјалните прашања.

Истовремено додаде дека може да се воведе одредена флексибилност, којашто, меѓутоа не смее да ја поткопува одржливост на долгот.

Сегашната програма истекува на 28-ми февруари. Со неа е предвидена уште една транша од 7,2 милијарди евра до кредитот, но со услов за нови мерки за штедење и реформи, меѓу другото и на пензискиот состав и на законот за работни односи, што новата грчка влада во којашто доминира коалицијата на радикалната левица Сириза го отфрла.

Грчката влада последните денови почна да дава сигнали дека сака да ја продолжи програмата, но притоа не го користи тој термин туку измисли своја формулација „продолжување на меѓународното финансирање“ на неколку месец, колку што, според нивните процени, им е потребно за составување на сеопфатната програма реформи, со коишто би се оспособила грчката економија за одржлив раст и би можела да ги врати долговите.

Истовремено со продолжувањето на финансирањето, грчката влада не го сака меморандумот, кој вообичаено оди заедно со тоа и кој предвидува продолжување на реформите и на буџетските кастрења.

Доколку сака продолжување на финансирањето и по 1-ви март, владата во Атина би требало да го побара тоа до крајот на седмицава, имајќи предвид дека во некои земји членки на еврозоната тоа мора да го одобрат националните парламенти, во прв ред во Германија, којашто има многу јасен цврст став околу продолжувањето на меѓународното финансирање на грчкиот долг.

Домбровскис не сакаше ништо да коментира околу евентуалното барање на Грција. „Мораме да прво да го видиме документот на Грција и што таа бара. Дури тогаш ќе можам да коментирам“, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП