23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонкурентноста приоритет во 2015 година

Конкурентноста приоритет во 2015 година

azeski1

Стопанската комора на Македонија, во среда, одбележа 93-години од основањето со иницијатива за прогласување на 2015 за година на конкуретноста во Македонија и во земјите – членки на Асоцијацијата на балканските комори.

Според нејзиниот претседател Бранко Азески, за развој на конкуренцијата најпрво треба да се има развиена инфраструктура, а за таа цел, Стопанската комора во мај организира конференција што ќе се одржи во Охрид, каде се најавени повеќе од 200 учесници, кои ќе разговараат за развој на железничкиот транспорт.

„Без реформи на пазарот на трудот не може да се реши проблемот со невработеноста во земјите од регионот“, рече претседателот на Унијата на индустриски комори и стокови берзи на Турција, Рифат Хисарчиклиоглу.

Тој смета дека како регион имаме потенцијал, но треба квалификувана работна сила, стручно образовани кадри, простап до финансиски средства, се во насока на равој на конкурентноста.

„Покрај инвестиции во инфраструктурата, треба да се поработи на логистиката, а потребни се и структурни реформи, кои ќе доведат до макроекономска стабилност“, рече Хисарчиклиоглу.

Според министерот за финансии и вицепремиер, Зоран Ставрески, Македонија, заедно со Турција, Ирска и уште  неколку други земји успешно се справува со економските предизвици. „Има  стапка на раст од близу 4 отсто, а може годинаа да се стигне и до 4 или 4,5 отсто, ако се оди како што е планирано“.

Владата прифати 2015 година да биде прогласена за година на конкуренцијата, а тоа може да се одвива и подолг период, но за тоа се потребни посебни мерки и финансии, со цел нејзино зајакнување.

Ставрески најави подобрување на железничкиот транспорт кон Бугарија и кон Албанија, за што се разговара со Европската банка за обнова и развој, од каде би се обезбедиле средства.

Договор за формирање Комитет за соработка меѓу Турција и Македонија потпишаа претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и претседателот на Унијата на индустриски комори и стокови берзи на Турција, Рифат Хисарчиклиоглу.

Целта на Комитетот ќе биде поблиска економска соработка, планирање учество на саеми, привлекување инвестиции од двете земји и други економнски активности, со цел подобрување на конкурентноста.

Во чест на годишнината од основањето Стопанската комора додели награди за најголеми инвестиции во нови капацитети на ФЕНИ, Групацијата „СОЛ“ Италија и рудници „САСА“.

За долгогодишна коморска активност наградени  беа Доне Танески, претседател на „Македонија Турист“, Страшо Милковски од „Гранит“ и Министерството за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП