4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBanco Popolare очекува загуба од 330 милиони евра

Banco Popolare очекува загуба од 330 милиони евра

bancopopolaro1

Италијанската банка „Banco Popolare“ предупреди дека 2012 година може да ја заклучи со нето загуба од 330 милиони евра. Банката ја објави ажурираната проценка во вторникот по затварањето на пазарот.

Помеѓу причините за загубата се наведува растот на трошоците за задолжување во четвртиот квартал. Како дополнителна причина се наведуваат загубите од инвестициите во компаниите за потрошувачко кредитирање „Agos-Ducato“.

Според редовниот календар на објавување на бизнис извештаи, банката би требало да ги објави резултатите за 2012 година до 15 март оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП