19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСорос префлил дел од инвестициите во Европа и Азија

Сорос префлил дел од инвестициите во Европа и Азија

soros 24

Soros Fund Management, семејна компанија на хеџ-фонд менаџерот, Милијардерот Џорџ Сорос, ги намалила инвестициите во американски акции и ги префрли средствата во останатиот дел од светот.

Сорос, кој управува со речиси 30 милијарди долари, префрлил околу две милијарди долари во компании во Азија и Европа, јави Bloomberg, повикувајќи се на добро упатен извор кој сакал да остане анонимен.

Слично постапиле и другите поголеми хеџ-фонд менаџери, откако падот на цената на нафтата ги погоди енергетските компании. Некои од овие фондови имаа и 40 отсто помалку пари во американските акции кон крајот на годината, во споредба со крајот на септември, според податоците на регулаторните компании.

Некои инвеститорите во оваа година очекуваат на европските и јапонските берзи да остварат поголема заработка отколку на американските берзи.

На ова ги поттикнуваат очекувањата од дополнителени поттикнувачки мерки од страна на Евопската централна банка, ослабениот курс на еврото и добрите деловни резултати на компаниите. Одредени фондови се насочени на производителите на нафта и на природен гас.

Личниот имот на Сорос се проценува на 26 милијарди долари, според индексот на милијардери на Bloomberg. Според податоците на регулаторната агенција на 31 декември неговата компанија инвестирала во 186 акции, речиси една третина помалку во споредба се претходното тромесечје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП