28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSony со пренасочување на фокусот во работењето ќе ја зголемува добивката

Sony со пренасочување на фокусот во работењето ќе ја зголемува добивката

sonyprodav-

Јапонската компанија Sony планира во наредните три години да ја зголеми добивката на работење за 25 пати со пренасочување на работењето на профитабилни фото-сензори, видеоигри и забава.

Претставувајќи ја стратегијата до 2018 година, Казуо Хираи, извршниот директор на јапонската икона за потрошувачка електроника, во средата изјави дека Sony сака на своите подружници да им даде голема автономија во одлучувањето за да го поттикне растот на корпорацијата.

Притоа не се исклучува можноста од напуштање на работењето поврзано за паметни телефони и телевизори, сектори во кои Sony е соочен со конкуренција од ефтини азиски ривали како и на лидерите во оваа индустријата Apple и Samsung Electronics.

„Доколку нашата почетна среднорочна корпоративна стратегија се однесува на реформите, другата среднорочна стратегија, која ќе започне од наредната година, се однесува на остварување на добивката и инвестициите за раст“, рече Хираи.

Тој информираше дека компанијата цели да оствари оперативна добивка од најмалку 500 милијарди јени (4,2 милијарди долари) во деловната година 2017 и 2018 во однос на 20 милијарди јени прогнозирани за оваа финансиска година, која во Јапонија завршува на 31 март.

Цената на акцијата на Sony порасна во минатата година за над 80 отсто, откако инвеститорите го пзодравија реструктуирањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП