6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJapan Post ја купува австралиската Toll Holding за 5.1 милијарди долари

Japan Post ја купува австралиската Toll Holding за 5.1 милијарди долари

japan post 254

Финансискиот гигант „Japan Post Holdings Co“ ќе ја купи најголемата австралиска компанија за логистика „Toll Holdings“ за 5.1 милијарди долари, објави денеска австралиската фирма. Ова ќе е најголемиот договор во историјата на јапонските државни пошти, соопштува „Ројтерс“.

Стекнувањето ќе го направи „Japan Post“ една од најголемите логистички компании во светот. Компанијата ќе има пристап до 55 земји и ќе има значителен раст на приходите пред планираното излегување на берзата во Јапонија, предвидено во оваа eсен.

„Toll Holdings“ ги охрабри своите акционери да го прифатат предлогот за стекнување од „Japan Post Holdings“. Договорот ќе им помогне да одговорат на критичарите кои тврдат дека државната „Japan Post Holdings“ нема раст во странство, за да привлече инвеститори и да престане падот во домашната побарувачка на поштенските услуги.

„Го направивме првиот чекор кон трансформирање во светска логистичка компанија. Ги завршивме деновите во кои логистичките компании можат да преживеат, како и тие кои се затвораат во Јапонија“, изјави претседателот на „Japan Post Holdings“, Таицо Нишимуро.

Претседателот на „Toll“, Реј Хорсбер посочи пред новинарите дека нема да има значителни промени за персоналот, но синдикатите во Австралија изразија загриженост од можни кратенки на работната сила.

„Japan Post Holdings“ доживува проблеми со намалениот обем на поштенските услуги и со зголемените трошоци за персонал. Таа е една од најголемите во светот финансиски институции, со обезбедувањето на банкарски и осигурителни услуги во Јапонија.

Единицата за поштарина очекува загуба од 26 милијарди јени за оваа финансиска година, која завршува на 31-ви март. „Japan Post Holdings“ управува со 24.000 пошти, 14 болници и десетици хотели во земјата.

Обединети, двете компании би станале петтата најголема логистичка компанија во светот по „FedEx Corp“ во однос на приходите, велат од „Japan Post“.

„Japan Post“ нуди 9,04 австралиски долари за акција на „Toll“ што е 49% повеќе од цената со која беше затворена вчера берзата. Денес акциите на „Toll“ поскапеа за 47% по објавувањето на договорот до 8,95 австралиски долари за готово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП