17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Superb - најдобрата Škoda на сите времиња (фото+видео)

Новиот Superb – најдобрата Škoda на сите времиња (фото+видео)

superb skoda

На специјален настан во Прага компанијата „Skoda“ официјално ја претстави новата генерација на предводникот „Superb“. Продажбата на автомобилот ќе стартуваат во јуни оваа година, а јавната премиера ќе се одржи во Женева.

Автомобилот е прилагоден на продолжена верзија на платформата на „Volkswagen – MQB“, па така има поголеми димензии, но е полесен за 75 килограми од својот претходник. Меѓуоскиното растојание при новата „Skoda Superb“ е поголемо за 80 мм, благодарение на што ентериерот стана значително простран.

superb skoda1

Од „Skoda“ објавија дека просторот во зоната на колената на возачот и на сувозачот до него е зголемено за 39 мм, а за патниците позади тоа е за 69 мм поголемо. Висината на кабината е 980 мм, а место за нозете на патници на задната клупа сега е цели два пати пати поголемо во споредба со конкурентите во сегментот. Втората генерација на Superb нуди багажник со волумен 625 литри, што е за 30 литри повеќе од претходната верзија.

Промените во дизајнот му придаваат на „Superb“ повеќе стилски и премиум изглед. Седанот добил поблиска решетка на ладилникот и понудени како опција би-ксенон фарови со „LED“ диоди на дневните светла.

superb skoda2

Во опремата на предводникот на Чесите се вклучени 4 информатичко-рекреативни системи, од кои еден е компатибилен со „Apple CarPlay“ и „Android Auto“, систем за загревање на седиштата, панорамски стаклен покрив, трозонска клима, аудио „Canton“ и друго.

Во „Superb“ исто така е и технологијата „Simply Clever“ која нуди цели 29 различни решенија во внатрешноста. Меѓу нив се држачи за два таблети на задните седишта, USB-порти, осветлување во кабината, дополнителни нишки за чување на предмети и друго.

superb skoda3

Меѓу системите за безбедност кај моделот постои и електронски асистент за контрола на одржливоста, адаптивен круз-контрол со автоматско исклуцување, асистент за движење во сообраќаен метеж, систем за одржување на правецот на движење, систем за контрола на притисокот во гумите, систем за следење на „мртвите“ зони, систем „Crew Protect Assist“ кој ја минимализира штетата при евентуален судир, како и системот „Emergency Assist“, овозможувајќи на возилото да застане, ако почувствува дека возачот е уморен и губи контрола врз управувањето.

Под хаубата на новиот „Superb“ можат да поставени 8 нови турбо-мотори – 5 бензински и 3 дизел, кои се опремени со системот „Start-stop“ и со систем за обновување на кинетичката енергија. Сите мотори ги исполнуваат стандардот „Euro-6“.

Бензинските агрегати развиваат меѓу 125 и 280 КС, а дизел верзиите меѓу 120 и 190 КС. Сите мотори без основниот бензински можат да работат во комбинација со новата автоматска трансмисија со две спојки, а четирите најмоќни мотори се комбинираат со систем за погон на сите четири тркала.

superb skoda5

Најекономичната верзија на новата „Skoda Superb“ го доби додатокот „GreenLine“ кон своето име, а е опремена со 1.6-литарски дизел со 120 КС. Таа троши едвај 3.7 л/100 км, а нивото на штетни гасови кај неа е 95 g/km CO2.

superb skoda6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП