6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ќе излезе со прелдогот до кредиторите

Грција ќе излезе со прелдогот до кредиторите

Greece+flag+XXX+high+res

Грција во среда на своите меѓународни кредитори ќе им го претстави планот кој има за цел да го спречи пропаѓањето на преговорите за програмата за помош, изјави портпаролот на грчката влада Гаврил Сакеларидис.

Грчкиот предлог подразбира продолжување на програмата за помош, кој ја спаси Атина од банкрот во 2010 година, рече Сакеларидис за грчката телевизија Антена, пренесе агенцијата АП.

Новата радикална левичарска влада на Грција, меѓутоа, одбива продолжување на програмата според условите под кои таа е одобрена, со оглед дека мерките на кои инвсистираат кредиторите во замена за заемите (строго буџетско штедење и смалување на платите) ја продлабочи економската депресија и доведе до раст на невработеноста над 25 отсто.

ЕУ, ЕЦБ и ММФ и дадоа рок на Атина до крајот на неделата да поднесе барање за продолжување на постоечката програма за помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП