14 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai го покажа новиот Tucson (фото+видео)

Hyundai го покажа новиот Tucson (фото+видео)

tuskon

Корејската компанијата „Hyundai“ ги покажа првите фотографии и ги откри деталите за својот нов кросовер „Tucson“, познат уште и како „ix35“. Продажбата на моделот ќе стартуваат во втората половина на годината.

Компактниот кросовер има позајмено бројни стилски решенија од неговиот постар „брат“ – „Santa Fe“. Изгледот на теренецот е поатлетски, а хромираната маска и тесните фарови со „LED“ елементи прават моделот да изгледа попривлечно од својот претходник.

tuskon1

Ентериерот на моделот исто стана попривлечен благодарение на користењето на поквалитетни и повеќе пријатни материјали, покажува информацијата. Тука е и мултифункционалниот волан, обвиткан со кожа, како и дополнителни хромирани елементи. Кросоверот доби и голем екран на допир на централната конзола, а како опција се нуди загревањето на предните седишта со вентилација, како и електрично затворање на багажникот, чиј волумен е 513 литри.

Под хаубата на автомобилот, наменет за Европа, може да се најде 1.6-литарски атмосферски бензински мотор „GDI“ кој развива 135 КС. Тој работи само со 6-брзински мануелен менувач. Моторот се нуди и во верзија со турбина, а моќноста му е 176 КС. Освен со рачен, овој модел работи и во комбинација со 7-брзински автоматски менувач со двојно квачило.

tuskon2

Дизелските агрегати се исто така се два – 1.7-литарски со 115 КС и 2.0-литарски во две варијанти на моќност (136 и 184 КС). Основната дизел верзија работи само со рачен, додека 2.0-литарскиот се нуди и со 6-степен автоматски.

Меѓу системите за безбедност кај новиот „Hyundai Tucson“ се вклучени асистентот при паркирање „Smart Parking Assist“, систем за автономно екстремно запирање „Autonomous Emergency Braking“, системот за одржување на лентата на движење „Lane Keeping Assist System“, системот за следење на „слепите“ зони „Blind Spot Detection“, располага со функцијата „Rear Traffic Cross Alert“ која спречува опасност од удар одзади.

tuskon3

Освен тоа кросоверот има и систем кој информира за важечките ограничувања на брзината – „Speed Limit Information Function“, како и „Active Bonnet System“, кој автоматски се отвора при судир за да го ублажи ударот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП