6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов рекорд на S&P 500 индескот на Волстрит

Нов рекорд на S&P 500 индескот на Волстрит

o-SP-500-RECORD-HIGH-facebook

Берзанскиот индекс S&P 500 во вторникот на Волстртит прв пат во историјата достигна 2.100 поени, бидејќи инвеститорите се надеват дека Атина и нејзините партнери во еврозноата ќе најдат компромисно решение за грчките должнички проблеми и покрај неуспешните преговори во понеделникот.

S&P 500 порасна 0,16 отсто, на рекордни 2.100 поени, додека Dow Jones зајакна 0,16 отсто, на 18.047 поени, а Nasdaq се зголеми 0,11 отсто, на 4.899 поени, достигнувајќи највисоко ниво за 15 години.

На Волстртит вчера се тргуваше внимателно, откако во понеделникот пропаднаа разговорите на министртите за финансии на еврозоната за грчките должнички проблеми, бидејќи Атина не сака да ја продолжи програмата за меѓународна финансиска помош.

Меѓутоа, цените на акциите пораснаа по вестите дека Грција има намера во средата да побара продолжување на договорот за заем со еврозоната, разликувајќи го тоа од целосната програма за финансиска помош.

Новата грчка влада на премиерто Алексис Ципрас одби да побара продолжување на меѓунаордната фианнсиска програма која истекува на 28 февруари, противејќи се на мерките на штедење кои ги наметнува програмата, но поради тоа би можела да се најде пред банкрот, без средства за исплата на доспеаните обврски.

Поради тоа вчера во Брисел анонимен извор на новинарите им кажал дека Грција ќе побара продолжување на договорот за заем за најмногу за шест месеци, но за условите се уште се преговара.  Имено, Грција сака да продолжи програмата за нејзино меѓународно кредитирање, но без обврски за спроведување на реформи и штедење.

Благодарение на ова, вчера на Волстрит во плус заврши дури и акцијата на National Bank of Greece, со раст на цената за 1,2 отсто, откако во текот на денот беше во минус и над 12 отсто.

Поддршка на берзите вчера им пружи и стабилност на цената на нафтата, која на лондонскиот пазар се движи над 60 долари по барел, како и нешто подобрите од очекувани квартални резултати на компаниите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП