19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРуската криза го погоди и Carlsberg

Руската криза го погоди и Carlsberg

carlsberg-carls-berg-be-be

Данскиот производител на пиво „Carlsberg“ во четвртиот квартал минатата година забележа пад на оперативниот профит од 22 проценти, во однос на истиот квартал во 2013 година.

Дури ниту силната побарувачка во Азија не успеа да го компензира остриот пад на продажбата на рускиот пазар.

Оперативниот профит во извештајиот квартал изнесувал 1,79 милијарди дански круни (241 милион евра), додека во истиот период една година претходно изнесувал 2,3 милијарди круни, пренесува Ројтерс.

Аналитичарите за последниот квартал минатата година предвидуваа во просек 1,93 милијарди круни профит.

За 2015 година, овој четврти најголем светски производител на пиво прогнозира раст на оперативниот профит меѓу 5,0 и 10 проценти.

Во соопштението се додава дека генералниот директор Ј. Расмусен ќе го напушти „Carlsberg“ во јуни, односно ќе замине во пензија, и дека ќе го замени К. Харт, сегашен сопственик на познатиот холандски производител на млеко (Royal Friesland Campina).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП