17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan го отстрани покривот на 370Z Nismo (фото)

Nissan го отстрани покривот на 370Z Nismo (фото)

nis kabrio

„Nissan“ во Чикаго ја претстави концептуалната верзија на спортскиот автомобил „370Z Nismo Roadster“. Тој е изграден врз основа на купе верзијата „370Z Nismo“, која имаше премиера пред една година.

nis kabrio1

Концептот доби агресивен преден браник, нови странични прагови, преден сплитер со црвени акценти и заден спојлер од карбон. Меѓу новитетите се „LED“ дневните светла и 19-инчните бандажи со гуми „Bridgestone Potenza S001“.

nis kabrio2

Во кабината на кабриолетот се поставени двобојни спортски седишта „Recaro“, алкантара волан, нов панел за управување со инструментите, 7-инчен дисплеј на информациско-забавниот систем, како и аудио-системот „Bose“.

nis kabrio4

Моделот е придвижуван од 3.7-литарски V6 мотор кој развива моќност од 355 КС и 373 Nm вртежен момент. Тој работи во комбинација со 7-степен автоматски менувач, кој располага со рачен режим и со функција „Downshift Rev Matching“.

nis kabrio3

Од „Nissan“ засега не ги соопштуваат динамичките карактеристики на родстерот.

Евентуалното пуштање во сериско производство на „Nissan 370Z NISMO Roadster“ целосно ќе зависи од реакцијата на посетителите на саемот, како и од онаа на клиентите на марката, соопшти потпретседателот на „Nissan North America“ – Пјер Луна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП