7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИталијански производители на чипс казнети за лажни декларации

Италијански производители на чипс казнети за лажни декларации

chips 35

Четири производители на чипс во Италија се казнети со околу 1.000.000 евра заради лажни декларации на своите производи, соопшти Италијанското тело за контрола на конкуренцијата и пазарот.

Според ова тело, производителите на чипс на декларациите на производите имале напишано лажни податоци за начинот на пржење на чипсот и што тој содржи, според правилникот на ЕУ.

Казнети се „San Carlo“ со 350.000 евра, „Amica Chips“ со 300.000, „Pata“ со 250.000 евра и „Ica“ со 150.000 евра.

„Amica“, „Pata“ и „Ica“ погрешно информирале за дел од производите за кои тврделе дека се рачно сечкани.

„San Carlo“, „Amica“ и „Pata“ ќе платат казна затоа што на дел од чипсовите имаат напишано дека се пржени во маслиново масло, а всушност поголемиот дел е растително масло кое се користи за пржење на чипсот.

„San Carlo“ и „Amica“, исто така, лажно сугерираат дека има фундаментална разлика меѓу нивниот премиум чипс, и нивниот основен чипс, како и оној со различни вкусови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП