4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАStartup Weekend повторно во Скопје

Startup Weekend повторно во Скопје

startup-vikend-skopje

Startup Weekend во Скопје, оваа година ќе се одржи по четврти пат од 8 до 10 мај каде се очекуваат повеќе од 100 учесници и многу локални и меѓународни ментори и судии.

Startup Weekend претставува 54 – часовен глобален настан каде се здружуваат програмери, менаџери, студенти, маркетинг експерти и млади претприемачи со цел да генерираат нови идеи за бизнис и да направат план како успешно да ги реализираат, каде ментори се локални и меѓународни стартап експерти.

Основан во 2007 од Andrew Hyde, настанот претставува модел на  конференција кој се фокусира на учење преку креирање. Настанот е познат по донесувањето брзи одлуки, неконвенционално размислување, уникатни техники на менторирање и помагање кои им овозможуваат на учесниците да го презентираат она што го можат да го направат. Најчесто, половина од учесниците имаат техничка позадина, а другата половина се бизнис ориентирани.

Настанот започнува во петок вечер со куси презентации на идеите, т.н. 1 minute pitches, каде учесниците треба да ги убедат останатите да гласаат за нив и да им се приклучат во тимот. Во текот на саботата и неделата тимовите се фокусираат на валидирање на идеите, учење на методологии за развој на бизнисот и креирање на минимум остварлив производ. Во недела  вечер тимовите го презентираат демото или прототипот на својот производ и добиваат фидбек од панелот на судии- експерти.

На овој начин се образувани повеќе од 30.000 претприемачи, организирани се повеќе од 1.070 настани, во повеќе од 480 градови со над 150 организатори и волонтери, а основани се 8.190 компании.

Оваа година, организаторите ветуваат подобра локација, соработка со два локални и два регионални настани. Исто така, како и минатата година и оваа, со помош на Деспарк ќе ги има повторно Google Glasses, како и Oculus Rift.

„Ќе го поддржиме и Скопскиот маратон  на 10 мај, каде ќе имаме учесници кои се дел од организацијата на SW  Skopje. Како дел од потенцијалните награди повторно се планирани  патувања на меѓународни конференции и настани“, велат организаторите.

Минатогодишниот Startup Weekend Skopje се  одржуваше во септември каде имаше над 60 учесници, 11ментори и околу 20 волонтери.

Финалето пред комисијата се одржуваше во бизнис просториите на Скопскиот саем, кое беше од отворен тип и имаше  присутна публика од над 100 луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП