2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКарпош испрати помош за поплавените подрачја

Карпош испрати помош за поплавените подрачја

opstina karpos donacija 32

Камион полн со кебиња, вода, трајна конзервирана храна, хигиенски средства и производи потребни тргна испрати во вторникот за настраданите од поплавите скопската општина Карпош.

Граѓаните од општина Карпош заедно со локалната самоуправа, собраа над осум тони вода, околу две илјади парчиња хигиенски средства, над 1.500 парчиња конзервирана храна, како и повеќе од 1.300 парчиња останати прехранбени производи.

Сè што е наполнето во овој камион  ќе биде наменето за жителите во општината Чешиново-Облешево. Помошта од Карпош ќе им биде предадена на тамошните локални власти, а тие пак, ќе ја распределат на настраданите граѓани.

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски посака ова да биде последно лошо кои и се случува на државата.

„Жал ми е што во 21-от век се случуваат вакви стихии и поплави кои што им носат несреќа на граѓаните, но сепак, ние треба да сме тие кои колку-толку ќе се потрудиме да им помогнеме. Покрај ова, Советот на општина Карпош на следната седница треба да донесе одлука со која ќе се издвојат и парични средства од буџетот на Општината, како и од средствата на самите советници од сите советнички групи за помош на поплавените. Предложено е да биде издвоен половина од нивниот паушал за граѓаните кои се наоѓаат во поплавените подрачја“, истакна Јакимовски кој потсети дека на овие граѓани треба да им се помага  и натаму во наредниот период при реконструкција на нивните домови и објекти.

Хуманитарната акција на општина Карпош траеше една недела со што Карпош уште еднаш ја покажа својата солидарност и хуманост на дело.  На 36 пункта, во 14-те урбани заедници на територија на општина Карпош, како и во сите основни училишта и градинки, граѓаните имаа можност да ја остават својата донација и да дадат поддршка на своите граѓани од поплавените региони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП