6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи под притисок од грчките должнички проблеми

Европските берзи под притисок од грчките должнички проблеми

evro-berzi-berza-evropa

Цените на акциите на европските берзи паднаа во вторникот, бидејќи инвеститорите стравуваат од излегување на Грција од еврозоната по вчерашните неуспешни преговори на министрите за финансии за грчките должнички проблеми.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 12.30 часот беше во минус 0,6 отсто, на 1.493 поени, откако вчера ослабна 0,1 отсто.

Лондонски FTSE индекс истовремено беше во плус 0,40 отсто, на 6.889 поени, додека франкфуртски DAX се спушти на 0,35 отсто, на 10.885 поени, а париски CAC 0,20 отсто, на 4.742 поени.

Најмногу, за над 4,5 отсто, денеска падна ATG индексот на Атинската берза, при што цените на акциите на банките потонаа за над 9 отсто. Приносите на грчките тригодишни обврзници пораснаа, пак, за 2 отстотни поени, на 19,70 отсто.

Ова е последица на неуспешните вчерашни преговори на министртите за финансии на еврозоната за решвања за грчките должнички проблеми, откако Атина одби да ја продолжи програмата за финансиска помош, како и сите компромисни предлози на еврозоната.

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, не изнесе никакви конкретни предлози како понатаму, по што министрите и дадоа рок на Грција до крајот на неделата да ја прифати постоечката програма.

„Следниот чекор мора да го преземе Грција“, рече претседателот на еврогрупата Јерон Дијселблум, додавајќи дека одговорот се очекува до крајот на неделата.

Грција на 28 февруари би требала да ја добие последната транша од 7,2 милијарди евра помош, но доколку  спроведе нови буџетски резови, што за новата влада на чело со Сириза е неприфатливо. Поради тоа Грција наскоро би можела да се најде без пари за испата на доспеаните долгови, што може да резултатира и со нејзино излегување од еврозоната.

„Ризикот е голем, а притисокот силен. Обете страни мораат да се придвижат, а просторот за маневар е мал“, вели Јост Ван Линдерс, економист во BNP Paribas Investment Partners.

Најмногу изутрината, за 1 отсто, паднаа цените на акциите на банките кои се најмногу изложени на долговите на Грција и другите презадолжени членки на еврозоната.

„Многу работи се на коцка. Ако не се постигне договор во наредните недели, банките ќе се повлечат, европската централна банка би можела да ја повлече ликвидноста, а Грција да излезе од еврозоната“, вели Јан фон Герих, стратег во банката Nordea.

Тој додава дека на берзите сепак не владее паника, бидеји инвеститорите и натаму веруваат дека преговорите ќе се водат до последен час и на крајот ќе се постигне некаков договор.

Поддршка на берзата и пружа растот на цената на нафтата, која на лондонската берза се движи над 62 долари за барел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП