6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе од преполовена вредноста на норвешкиот извоз на нафта

Повеќе од преполовена вредноста на норвешкиот извоз на нафта

nafta2

Вредноста на норвешкиот извоз на нафта е повеќе од преполовена во јануари во однос на истиот месец минатата година под влијание на пониските цени на нафтата кои го поткопаа и трговскиот суфицит на богатата нордиска земја, покажаа новите официјални податоци.

Норвешка во јануари извезе нафта во вредност од 13,2 милијарди норвешки круни (1,53 милијарди евра), што е за 55 отсто помалку во однос на истиот месец минатата година, извести во понеделник државната статистичка агенција.

„Пониска вредност на нафтата е забележана во ноември 2001 година“, наведуваат во агенцијата.

Заради минатомесечниот остар пад на извозот, вкупниот трговски вишок се намалил за повеќе од 40 отсто во однос на истиот период минатата година, на 27,1 милијарди круни.

Во Осло очекуваат дека нафтените инвестиции оваа година ќе се намалат за 15 отсто во однос на минатогодишниот рекорд, бидејќи намалувањето на цените на нафтата го зема данокот во норвешката економија, чии активности оваа година би требало да забават на само еден отсто, од минатогодишните 2,3 отсто.

Повикувајќи се на падот на цените на нафтата, норвешката централна банка неочекувано во декември ги намали референтните каматни стапки за 0,25 отстотни бодови, на 1,25 отсто и најави можно натамошно намалување во првата половина на 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП