3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗG-Class 6x6 стана 4х4 (фото)

G-Class 6×6 стана 4х4 (фото)

g 4x4

Германската компанија „Mercedes“ ја објави првата фотографија од новиот „G500 4 × 4²“. Моделот претставува скратена верзија на чудовиштето „G63 AMG 6×6“.

За разлика од автомобилот со 6 тркала, новиот модел има стандардно затворено купе и само 4 гуми. Тој, сепак ги позајмува зголемувањето од тлото, поголемите гуми и модифицираните елементи по каросеријата.

Новиот „G500 4 × 4²“ користи 5.5-литарски „V8“ мотор, кој има 387 КС и 530 Нм. Агрегатот работи со 7-брзински автоматски менувач, преносот на вртежниот момент е на сите четири тркала.

pikap me

Пикапот со шест тркала се нуди исклучиво во верзија „G63 AMG“, а цената му почнува од околу 450.000 евра.

Дали новиот „G500 4 × 4²“ исто така ќе добие верзија од „AMG“, но и по кои цени ќе се нуди, ќе овие информации ќе бидат познати во почетокот на март, кога ќе се одржи премиерата на теренецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП