6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи и еврото паднаа, откако нема резултати во преговорите со Грција

Азиските берзи и еврото паднаа, откако нема резултати во преговорите со Грција

kompanii berza

На повеќето берзи во азиско-пацифичкиот регион во вторникот е забележан пад, додека курсот на еврото е под притисок на неуспешниот понеделнички состанок на министрите за финансии од земјите од еврозоната за грчките должнички проблеми.

На токиската берза индексот Nikkei во вторникот претпладне по средноевропско време беше во минус од 0,2 отсто, додека цените на акциите на берзите во Сингапур и Австралија паднаа меѓи 0,3 и 0,5 проценти. Берзанските индекси во Јужна Кореја, Хонгконг и Шангај, пак, пораснаа меѓу 0,1 и 0,5 отсто, додека MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, пред затворањето на тргувањето беше во минус од 0,2 отсто.

Растот на цените на акциите во Шангај и Хонгконг дојде благодарејќи на надежите на инвеститорите дека кинеската централна банка наскоро поагресивно ќе ја олабави монетарната политика, бидејќи низата последни макроекономски податоци укажуваат на забавување на растот на втората по големи светска економија.

Без насоките од Волстрит, поради празниците, во минус беа и американските термински индекси, што е последица од неуспешните преговори во понеделникот во Брисел меѓу министрите за финансии од земјите од еврозоната за проблемите со долгот на Грција.

Атина го одби продолжувањето на програмата за финансиска помош, како и сите компромисни предлози од еврогрупата, а бидејќи грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис не изнесе ниеден конкретен предлог, министрите и’ дадоа рок на Грција до крајот на седмицата да ја прифати актуелната програма.

Претседателот на еврогрупата, Јероен Дијселблом порача дека Грција мора да го направи чекорот и дека за тоа и’ преостанува рок до петок. Грција до 28-ми февруари треба да ја добие последната транша од 7,2 милијарди евра помош од меѓународниот пакет, но доколку спроведе нови буџетски кастрења, што е неприфатливо за тамошната влада водена од радикалната левица која победи на неодамнешните избори токму со ветувања дека ќе се откаже од штедењето. Без тие средства Грција наскоро ќе се најде во ситуација да не може да ги отплатува своите долгови, што може да да резултира и со излез од еврозоната.

„Пазарот беше оптимистичен, па за него изостанувањето на напредокот (во преговорите Брисел – Атина) е изненадување. Но, од искуството од должничката криза о еврозоната пред неколку години, очекуваме дека преговорите ќе се водат до последен момент. Оттаму на пазарите нема паника, иако се чини дека ризиците растат“, вели за Reuters Киосуке Сузуки, директор во банката „Societe generale“.

На пазарите, сепак, поддршка им даде стабилноста на цените на нафтата. Откако во понеделникот цената на барел на лондонскиот пазар достигна 62,57 долари, највисоката во последните осум седмици, во вторникот претпладне таа се лизна на 61,75 долари.

На валутните пазари, пак, по неуспешните преговори за грчките долгови еврото од ноќта во понеделникот е под притисок. Во вторникот претпладне неговиот курс се движи околу 1,1360 американски долари, додека во истиот период од денот во понеделникот изнесуваше 1,1415 долари. И додека во однос на европската валута цената на доларот порасна, во однос на јапонскиот јен стабилно се движи околу нивото од понеделникот од 118.45 јени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП