26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМожна поголема прогноза за растот на германскиот БДП

Можна поголема прогноза за растот на германскиот БДП

germanijanu3hgr7gf

Германската централна банка Bundesbank би можела да ги зголеми годинешните прогнози на растот, истакнувајќи ја силата на германската економија на крајот од минатата година во најновиот месечен билтен.

Германската економија, најголема во еврозоната, во четвртиот квартал порасна 0,7 отсто во споредба со истиот период во 2013 година, што е повеќе од очекуваното, покажаа најновите податоци минимизирајќи ги така размерите на забавувањето во претходните квартали.

Од тоа произлегува дека растот на германскиот бруто домашен производ (БДП) во целата мината година изнесуваше 1,6 отсто, пренесува SEEbiz.

Во најновиот месечен извештај економистите од Bundesbank како главна движечка сила на засиленото темпо на економски активности ја издвојуваат личната потрошувачка, поддржана од рекордно ниската невработеност и падот на цените на енергенсите. И слабото евро им одеше во прилог на германските извозници.

„Во контекст на оптимистичките очекувања во врска со доходот, зголемената куповна моќ и силната доверба на потрошувачите, потрошувачката на домаќинствата засега игра улога на главна придвижувачка сила на закрепнувањето“, се наведува во извештајот.

Дополнителна поддршка на економијата ќе и’ даде и значителниот пад на курсот на еврото во однос на доларот, што ќе ги подобри шансите за извоз во земјите надвор од еврозоната.

„Имајќи го предвид генерално подобрената ситуација на економијата, можно е растот во текот на годината да биде значително повисок од она што беше почетно прогнозирано минатата есен“, се вели во извештајот.

На почетокот на декември Bundesbank ги преполови прогнозите за раст за оваа година, на еден отсто, а благо ја намали и прогнозата за наредната година од 1,8 на 1,6 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП