4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi подготвува нова верзија на концептот Prologue (фото)

Audi подготвува нова верзија на концептот Prologue (фото)

aud_prologue_avant

„Audi“ ги објави своите намери да претстави на претстојниот автосаем во Женева нова верзија на концептниот модел „Prologue“. Овој пат станува збор за караван кој ќе се вика „Audi Prologue Avant concept“.

Судејќи според прикажаните фотографии на возилото, тогаш станува збор за предвесник на сериски модел кој ќе треба да се натпреварува со „Mercedes-Benz CLS Shooting Brake“. Од компанијата не потврдуваат, но и не ги негираат ваквите намери. Тие прецизираат дека машината ќе ја покаже новата насока на дизајнот на идните модели од семејствата „А6“, „А7“ и „А8“.

aud_prologue_avant_w2

Првите слики на моделот покажуваат дека станува збор за прототип со 4-седишта со наведнат покрив, мал заден спојлер, бандажи со агресивен дизајн, шестаголна решетка на ладилникот, главни светла со „LED“ диоди, големи отвори за воздух, обединети „LED“ задни светла и вградени во задниот браник цевки на издувниот систем.

Оригиналниот „Audi Prologue Concept“ беше прикажан во ноември минатата година на саемот во Лос Анџелес. Тој е управуван од 4.0-литарски „твин-турбо“ мотор „TFSI V8“ со моќност од 605 КС и 750 Nm вртежен момент. Со 8-брзински автоматски менувач и погон на сите четири тркала, а моделот забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,7 секунди.

aud_prologue_avant_w3

Според изданието „Auto Express“ верзијата „Avant“ може да добие хибриден агрегат, во чија основа е истиот „V8“ бензински мотор, надополнет со електромотор. Вкупната моќност ќе достигне 677 КС и 950 Nm, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч ќе се оствари за 3,5 секунди.

aud_prologue_avant_w4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП