6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНиту ММФ не може да ја спаси гривната

Ниту ММФ не може да ја спаси гривната

ukrainskagrivna1

Украинската валута продолжи да опаѓа и покрај помошта од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) која е доделена за да се избегне банкротот во Украина.

Официјалниот курс на гривната, која за една година изгуби речиси три четвртини од својата вредност, изнесува 26,04 гривни за долар и 29,64 гривни за еврото.

Вредноста на гривната вртоглаво се намали од 5 февруари, кога Народната банка на Украина одлучи повеќе да не интервенира во заштитата на валутата. Таа мерка ја побара ММФ кој е загрижен бидејќи официјалниот курс на валутата не и одговара на нестабилната ситуација во Украина.

Девизните резерви, кои им се на располагање на украинските власти, достигнаа исклучително ниско ниво и сега го покриваат увозот за период од еден месец, додека генерално се смета дка тие резерви треба да го покријат увозот за трите наредни месеци.

Колапсот на гривната го потврдува и инфлацијата која на годишно ниво изнесува 28 проценти. Земјата поминува низ длабока рецесија, а ситуацијата дополнително се влоши и со конфликтот на истокот на Украина каде се наоѓа голем дел од индустријата на цела земја.

За Украина да избегне банкрот, ММФ минатата недела најави пакет помош од 17,5 милијарди долари за четири години во рамките на глобалната помош од Западот од 40 милијарди долари.

Аналитичарите сметаат дека помошта на ММФ ќе биде од корист за финансиските потреби на земјата, но дека е неопходно и реструктуирање на долгот во сопственост на приватните кредитори.

Долгот на Украина изнесува 72 проценти од БДП, а се очекува дека рецесијата ќе продолжи и во текот на 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП