20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗа што најмногу го користиме интернетот?

За што најмногу го користиме интернетот?

internet1

Интернетот е медиум на кој ние сите сме навикнале и без кој тешко би преживеале. Но, колкумина се оние кои го користат интернетот и за што најчесто го користат?

Користењето на интернетот во регионот е најголемо во Словенија, покажуваат резултатите на Институтот за истражување на пазарот и медиумите „Медиана“, во Словенија изминатата година имало најголем број на корисници на интернет. Таму секој четврти словенец во текот на последната година користел интернет. Потоа следи Хрватска до две третини од населението, потоа Србија и Македонија со 63 проценти.

Нема големи варијации помеѓу земјите кога станува збор за што најмногу се користи интернетот. Така, во Словенија и Хрватска најчесто се употребува за следење на дневните вести, потоа следи употребата на електронската пошта и на трето место е следењето на временската прогноза. Во Србија и Македонија распоредот е малку поинаков. И тука интернетот се користи за следење на дневните вести, потоа следи пристапот до социјалните мрежи и на трето место е употребата на електронската пошта.

Големи разлики помеѓу корисниците во различни држави нема. Всушност во сите држави најмногу се следат дневните вести, потоа следи радиото и на трето место е гледањето телевизија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП