19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија на 47 место според Глобалниот талент индекс на конкуреност

Македонија на 47 место според Глобалниот талент индекс на конкуреност

kupo

Македонија e рангирана на 47. место од вкупно 93 земји во светот на Глобалниот талент индекс на конкуреноста на Светската бизнис школа – INSEAD, изработен во партнерство со Светскиот економски форум, Светска банка, Светската организација за интелектуална сопственост и неколку универзитети.

Во новото рангирање Македонија се искачи за пет места во однос на ланското кога биеше на 52. место.

Во изработка на Извештајот и рангирањето на земјите се земаат предвид 65 критериуми меѓу кои можноста за отворање и водење бизнис, бизнис климата, растот на економијата, социјалната заштита и пензискиот систем, пазарот на работна сила, образованието, политичката клима…

Македонија најдобро е рангирана според можностите за почнување на бизнис каде е на 8 место.

На првото место на листата се најде Швајцарија, по неа се Сигнапур, Луксембург.

Од земјите во регионот Словенија е на 26., Хрватска на 46., Албанија на 70., Бугарија е на 45, а Грција на 50 место.

Препораките во извештајот се дека отвореноста на економијата е клучна за подобрување на конкурентноста, а фискалната стабилност и конкуреноста за постигнување одржлив развој.

Се препорачува и намалување на невработеноста, подобрување на образовниот систем и квалификациите на работната сила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП