6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на продажбата на автомобили во јануари на рускиот пазар

Пад на продажбата на автомобили во јануари на рускиот пазар

pazar vozila

Рускиот пазар на автомобили, кој до само пред неколку години беше на пат да стане најголем во Европа, потона во јануари за 24 отсто на годишно ниво.

Тоа е последица на лошата состојба на вкупната руска економија, која влезе во рецесија, а инфлацијата сега е најголема во последните 16 години, пренесува Б92.

Здружението на европски авто-компании во соопштението наведува дека годишниот пад на продажбата во Русија дојде по големиот раст на побарувачката кон крајот на минатата година, кога клиентите брзаа да купат странски автомобили пред поскапувањето.

Руската рубља загуби повеќе од половина од својата вредност последната година, а поголем дел во текот на есента.

Русите побрзаа парите кои бргу ја губат вредноста, да ги инвестираат во купување на скапи трајни добра и автомобили, пред трговците да ги кренат цените за да ги усогласат со надолниот курс на рубљата.

Меѓу најголемите губитници се „Опел“, кој има пад на продажбата од 75 отсто во Русија и „Цитроен“, чија продажба опаднала за 72 отсто.

Продажбата на автомобили беше слаба целата мината година додека руската економија влегуваше во рецесија, но 2,4 отсто закрепнала во декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП