7 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБизнис совети без рок на траење: Што ви порачуваат познатите успешни луѓе?

Бизнис совети без рок на траење: Што ви порачуваат познатите успешни луѓе?

mountain-climbing-background1

Мудрите мисли, идеи, совети… секогаш се потребни и корисни, а особено кога ги слушаме од паметни, креативни, перспективни луѓе, чиј заштитен знак е успехот…

Многу големи имиња од светот на уметноста, бизнисот, шоубизнисот и политиката, засекогаш го одбележале креативниот и деловниот свет во кој создавале, мотивирале и инспирирале луѓе ширум планетата, ги рушеле табуата и бариерите, за да го достигнат самиот врв на успехот.

Вака ве советуваат познатите успешни луѓе:

Ли Лакока, американски бизнисмен

Најдобар бизнисмен е оној кој се држи до старото додека е добро, а го прифаќа новото кога ќе стане подобро од старото.

Аристотел Оназис, грчки бродосопственик

Тајната на бизнисот е да знаете нешто што никој друг не го знае.

Мари Кеј Аш, американски бизнисмен

Просечната идеја која предизвикува ентузијазам, ќе оди подалеку од одлична идеја која не инспирира никого.

Никола Тесла, српски физичар

Млад човек не треба да се жали што нема милиони за да развие некоја идеја. Размислувањето не чини милиони, а со размислување се создава идеја.

Џон Рокфелер, американски бизнисмен и филантроп

Пријателството засновано на работата, е подобро од работата заснована на пријателството.

Александре Думас, француски писател

Што е бизнис? Многу просто: Тоа се парите на другите луѓе.

Мери Ритер Беард, американска историчарка

Реткост е да се сретне бизнисмен кој е песимист.

Вилијам Шекспир, англиски писател

Мудро и полека. Тие кои што трчаат брзо, ќе се сопнат.

Џејмс Џојс, ирски писател

Грешките се врати на откритијата.

Томас Едисон, американски пронаоѓач

За да имате голема идеја, мора да имате многу идеи.

Ана Павлова, руска примабалерина

Да се истрае без сопирање на патот до целта – тоа е тајната на успехот.

Ворен Бафет, американски бизнисмен и филантроп

Во бизнисот важат две правила до кои треба да се држите. Правило број 1: никогаш немој да изгубиш пари. Правило број 2: Никогаш не го заборавај правилото број 1.

Наполеон Хил, американски писател

Големите достигнувања обично се резултат на големи жртви, а никогаш на себичност.

Кетрин Вајтхорн, британска новинарка и писателка

Најдобар совет за кариера: Пронајдете го тоа што најмногу сакате да го работите и пронајдете некој што за тоа ќе ви плати.

Бил Гејст, американски бизнисмен

На сите ни се потребни луѓе од кои ќе добиеме фидбек.  Тоа е начин на кој се унапредуваме себе.

Волт Дизни, американски бизнисмен и режисер

Најдобар начин нешто да започнете, е да престанете да зборувате и да почнете да работите.

Марлен Дитрих, германска актерка и пејачка

Самодисциплината е најважна од сите дисциплини.

Еленор Рузвелт, американска политичарка

Никој не може ви го наметне чувството на инфериорност без ваша согласност.

Индира Ганди, индиска политичарка

Дедо ми еднаш ми кажа дека постојат два типа на луѓе: Оние кои ја работат работата, и оние кои земаат кредит. Ми даде совет да се обидам да бидам во првата група, бидејќи таму конкуренцијата е помала.

Доналд Трамп, американски бизнисмен

Кога е тоа можно, договорете се. Договорот на сите им заштедува време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП