28 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗСемеен автомобил од Kia (фото)

Семеен автомобил од Kia (фото)

kia sportpace4

Нов концептуален модел, обединува агресивен изглед и практичен ентериер, а е дело на корејската компанија „Kia“. Тој го носи името „SportSpace“ и ќе има премиера во Женева.

„Kia SportSpace“ кој без сомнение можеме да го споредиме со најубавите модели на марката, претставува спортски караван од сегмент „D“. Моделот е концепт, а на прв поглед ни прикажува на следната генерација на „Optima“, што очигледно ќе се нуди и како караван.

kia sportpace3

Дизајнот на „Kia SportSpace“ е развиен од европскиот тим на брендот, со седиште во Франкфурт, Германија. Моделот се одликува со низок и наведнат покрив, широки браници со агресивни бандажи, обединети решетка со фаровите, спортски преден браник, двојни издувен систем и друго.

Ентериерот е простран и луксузен, но ја продолжува спортската тема на екстериерот. Тој доминирана со едноставни линии, алуминиумски и кожени предмети. Воланот е спортски со три крака, а инструмент таблата е целосно дигитална. Се гледа и голем екран на допир.

kia sportpace1

Информациите за погонот или точните димензии на возилото во моментов не се достапни.

Сите детали за „Kia SportSpace“ ќе бидат познати на 3-ти март во Женева, кога ќе се одржи премиерата на концептот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП