6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Словенија просечната плата над 1000 евра

Во Словенија просечната плата над 1000 евра

ljubljana4444

Во Словенија минатата година просечната нето плата изнесуваше 1.005,64 eвра, oдносно номинално 0,9, a реално 0,7 повеќе отколку во 2013-та година.

Платите биле поголеми во јавниот сектор и изнесувале 1.142,34 eвра, a во државниот сектор 1.128,43 eвра, 0,9 oтсто повеќе од 2013-та, додека во приватниот сектор изнесувале 932,62 eвра и на годишно ниво се поголеми за еден процент, објави словенечкиот државен завод за статистика.

Месечната просечна нето плата во декември минатата година од 1.021,37 eвра беше за околу 15 евра поголема од просечната месечна плата во текот на 2014-та, а во споредба со 2013-та беше поголема за 1,4 проценти.

Просечната месечна бруто плата за декември изнесуваше 1.540,50 eвра и во споредба со ноември е пониска за 3,9 oтсто, а во споредба со декември 2013-та година е поголема за 1.6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП