21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДивидендите лани достигнале рекордни 1.167 милијарди долари

Дивидендите лани достигнале рекордни 1.167 милијарди долари

rast bdp 345

Вкупниот износ на исплатени дивиденди на акционерите ширум светот лани достигна 1.167 милијарди долари, што е за 11 отсто повеќе во однос на претходната година, додека во оваа година се очекува раст од само 1 отсто, покажува извештајот на британската инвестициска компанија Global Investment.

Најмногу лани пораснале дивидендите на компаниите од Северна Америка, за 15 отсто, на 392 милијарди долари. Произлегува дека околу една третина од вкупните дивиденди во светот ги исплатиле компаниите сместени на американскиот пазар на капитал.

Со 229 долари исплатени дивиденди следат европските компании, што е за 12 отсто повеќе во донос на претходната година, додека најголем раст на дивидендите, за 31 отсто, забележан е во Велика Британија. Тамошните компании исплатиле вкупно 135 милијарди долари дивиденди.

Компаниите од азиско-пацифичкиот регион исплатиле дивиденди во износ од 116 милијарди долари, што е раст од 3 отсто, додека во Јапонија дивидендите пораснале за 6 отсто, на 49 милијарди долари.

Единствено на пазарите во развој лани беше забележан пад на дивидендите, за 12 отсто, на 114 милијарди долари.

Првите 10 компании според најголемата висина на исплатени дивиденди лани исплатиле 11 отсто од вкупната сума на дивиденди во светот, додека првите 20 компании исплатиле 18 отсто во сите дивиденди.

Прв на листата е британски Vodafone, која лани, покрај редовната, исплатил и богата посебна дивиденда, со што телекомуникацискиот гигант е заслужен за 20 отсто од вкупно иплатените дивиденди во Британија.

Меѓу компаниите кои лани богато ги наградија своите акционери се наоѓаат и нафтениот гигант Shell, кинеска Construction Bank, како и британската банка HSBC и технолошките лидери Apple и Microsoft.

Покрај технолошкиот сектор, двоцифрена стапка на раст на дивидендите забележана е во секторот на производители на стоки за широка потрошувачка. И финансискиот сектор повторно исплатува големи дивиденди, откако во претходните години поради закрепнување од финансиската криза беше воздржан во наградувањето на акционерите.

Од друга страна рударските компании веќе трета година по ред ги намалуваат дивидендите бидејќи поради слабостите во глобалната побарувачка паѓаат цените на сировините, тоа им ги намалува приходите и добивката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП