29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на уметници од Кичевската колонија во Велес

Изложба на уметници од Кичевската колонија во Велес

izlozba-10-

Во вторник, во 19 ч. во ликовниот салон во Велес, ќе се отвори изложба на слики со 30 -тина дела од уметници, кои твореа на 21 -вата, Интернационална кичевска ликовна колонија 2014 година.

На колонијата учествуваа 27 уметници од 15 држави ( Малезија, Судан, Германија, Казахстан, Русија, Украина, Бугарија и др.) . Изработени се 80 дела во различни техники.

Интернационалната кичевска ликовна колонија има за цел да го стимулира, потикнува, развива и унапредува ликовното творештво, да ги збогатува постојните ликовни фондови со нови современи уметнички творби. Преку своите облици на интернационално комуницирање придонесува за зближување на уметниците од целиот свет, преку изложби, публикации, предавања, научни собири и други облици врши популаризација на современата ликовна уметност.

Ликовната колонија започнува со работа првата сабота во јули секоја година и трае две недели. Уметниците своите дела ги изработуваат во хотелот „Куќа на уметноста” сместен во густа констенлива и борова шума на 960 метри надморска височина во с.Кнежино-Кичево.

Од своето формирање во 1994 година па се до денес на ИКЛК учествувале голем број на уметници од различни земји. Досега изложбата имаа можност да ја видат посетителите во Кичево, Скопје и Кавадарци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП