ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на невработеноста во Швајцарија

Раст на невработеноста во Швајцарија

shvajcarija54564

Стапката на невработеност во Швајцарија продолжи да расте во месец јануари од декемвриските 3,4 проценти на 3,5 проценти, соопшти Државниот секретаријат за економија.

Бројот на невработени во Швајцарија достигна 150.946, што е за 3,577 повеќе во однос на месец декември, пренесува АФП.

Иако стапката на невработеност во Швајцарија е една од најниските во светот, таа од јули 2014 бележи раст, со кратка пауза во септември.

Стапката на невработеност во јануари на годишно ниво, сепак, се намали за 1,5 проценти бидејќи бројот на невработени е намален за 2,315 лица.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП