25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBundesbank би можела да ја крене прогнозата за раст на германскиот БДП

Bundesbank би можела да ја крене прогнозата за раст на германскиот БДП

bundesbank-feb

Германската централна банка Bundesbank во најновиот месечен билтен во понеделникот ја истакна силата на германската економија на крајот на 2014 година, наведувајќи дека би можела да ја крене прогнозата за раст за оваа година.

Германската економија, најголема во 19-члената еврозона, во четвртиот квартал од минатата година пораснала за 0,7 отсто во споредба со истиот период од претходната година, што е над очекуваното, покажаа најновите податоци, минимизирајќи ги со тоа размерите на забавување во претходните квартали.

Од овие причини растот на германскиот бруто домашен производ (БДП) во цела година изнесуваше 1,6 отсто.

Во најновиот месечен извештај економистите на Bundesbank како главен придвижувач на засиленото темпо на економски активности ја издвојуваат личната потрошувачка, поттиката од рекордно ниската невработеност и падот на цените на енергентите. И  ослабениот курс на еврото им пружи поддршка на германските извозници, напоменуваат од централната банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП