18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРедизајнираниот DS5 ќе дебитира во Женева (фото)

Редизајнираниот DS5 ќе дебитира во Женева (фото)

ds 5 new

Се појавија фотографии на модернизираната верзија на моделот „DS5“ кој е дело на француската марка „DS“. Автомобилот ќе има премиера во Женева, а ќе го одликува освежен изглед, нов ентериер и најновите агрегати на „PSA“, вклучувајќи дизел-електрични.

ds 5 new1

Луксузниот модел кој веќе е целосно одделен од палетата на брендот „Citroen“ и не го носи нејзиниот амблем, демонстрира различна предница на која доминираат „LED“ фарови и хромиран елемент, продолжен дури до шофершајбната. Позади промените се поумерени, а влијаат стоп-светлата, браникот со вграден дифузор и двојниот издувниот систем.

ds 5 new2

Голема иновација во кабината е инфо-забавниот систем со „touch“ дисплеј, благодарение на кој инженерите ги елиминираа сите 12 физички копчиња. Редизајнираниот модел располага исто така со предни електрични седишта со функција за масажа, амбиентно осветлување, систем за предупредување при објект во мртвата зона на ретровизорите, адаптивен автопилот, автоматски долги/соборените светла и друго.

ds 5 new3

Палетата на мотори е претставена од најновите турбо-мотори на групацијата „PSA“, меѓу кои се бензинскиот „THP 165“ и дизелите „BlueHDi 120“, „BlueHDi 150“ и „BlueHDi 180“.

Најмоќниот модел е дизел-електричен хибрид кој комбинира 2.0-литарски дизел со моќност од 163 кс и електромотор кој дава дополнителни 37 кс. Вториот мотор е сместен на задната оска, на тој начин се обезбедува автомобилот да има погон на сите тркала.

ds 5 new4

Премиерата на обновениот „DS5“ ќе се одржи на 3-ти март во Женева, кога ќе бидат соопштени сите детали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП