12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИH&M повторно објави двоцифрен раст на приходите

H&M повторно објави двоцифрен раст на приходите

hm-m

Шведскиот малопродажен синџир за облека „Hennes & Mauritz“ (H&M) денеска потврди дека нивните приходи за јануари забележале раст од 14 проценти на годишно ниво, што е четврти месец по ред да бележат двоцифрен раст на приходите изразени во домашна валута.

Јануари е вториот месец од првиот квартал од фискалната година на „H&M“, кој во шведската компанија започна на 1-ви декември.

Податокот за јануари е во склад со прелиминарната проценка која компанијата ја објави на 28-ми јануари, а во целост ги исполни и очекувањата на аналитичарите.

Брзорастечкиот „H&M“ е втор поголемина светски синџир за облека, веднаш зад шпански „Inditex“, сопственикот на „Zarа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП