25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзјавите на кувајтскиот министер ја стабилизираа цената на нафтата близу 61 долари

Изјавите на кувајтскиот министер ја стабилизираа цената на нафтата близу 61 долари

nafta kop

Цената на нафтата се стабилизираше во понеделникот на светските берзи близу 61 долари за барел, откако кувајтскиот министер изјави дека пониското ниво на снабдување ќе ги поттикне цените во втората половина од годината.

Цената на барел сирова нафта на лондонската берза падна во однос на претходното затворање за 63 центи, на 60,89 долари. Во електронското тргување на американскиот пазар со барелот се тргуваше по 55 центи пониска цена, од 52,23 долари, со намален обем на тргување поради празник.

Во фокусот на инвеститорите на почетокот на неделата беше проценката на кувајтскиот министер за нафта Али ал-Омаир дека се надева дека во втората половина од годината ќе сведочиме на подобри цени.

Поттикната од знаци за намалување на инвестициите во нафтената индустрија, цената на барелот на берзата во Лондон во изминатите четири недели скокна за над 30 отсто. Во јануари потона на само 45,19 долари, најниско ниво за речиси шест месеци.

Кувајтскиот министер додаде дека вишокот понуда на пазарите „дефинитивно е помал“ од 1,8 милиони барели дневно.

Дополнителна поддршка на нафтените пазари им пружи и ескалацијата на судирите со милитантите на Исламската држава и нападот на нафтоводот во Либија.

„Не треба целосно да се исклучат од пресметките ниту геополитичкиот ризик“, напоменува аналиичарот на швајцарски Petromatrix, Оливие Јакоб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП