27 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMerceds-Benz направи уникатeн глисер (фото+видео)

Merceds-Benz направи уникатeн глисер (фото+видео)

mece gliser

Автомобилската компанија „Mercedes-Benz“ и производителот на моторни чамци „Cigarette“ на саемот за воден транспорт во Мајами го претставија концептниот модел „Cigarette Racing 50 Marauder GT S“.

mece gliser1

Овој модел е направен во духот на новиот спортски автомобил „Mercedes-Benz AMG GT“, а има добиено седишта со логото „AMG“. Концептниот глисер е изграден во еден единствен примерок кој е оценет на 1.2 милиони долари.

mece gliser2

Должината на глисерот е 15.24 метри, а широчината – 2.44 метри. Во конструкцијата се користени лесни материјали кои им овозможија на инженерите да ја намалат неговата тежина за околу 500 килограми во споредба со сериската верзија.

mece gliser3

Глисерот се потпира на два 8-цилиндрични мотори, производство на компанијата „Mercury Racing“. Секој од нив располага со моќност од 1550 КС, што овозможува постигнување на максимална брзина од 217 км/ч.

mece gliser4

Компанијата „Cigarette“ е основана во 60-тите години на минатиот век, кога конструирале посебен глисер за бизнисменот Дон Аронов. Бродот имал издолжена форма која потоа станува заштитен знак за сите водни транспортни средства, произведени од компанијата.

mece gliser5

Ова не е прв заеднички проект на двете компании. Пред една година „Cigarette“ и „Mercedes-Benz“ претставија суперспортски електричен глисер, позајмен од моделот „SLS AMG Electric Drive“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП