11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонските берзи затворени на највисоко ниво од 2007-та

Јапонските берзи затворени на највисоко ниво од 2007-та

Nikkei stock exchange

Најголемите берзи во Јапонија го затворија тргувањето во понеделникот во позитивната територија, достигнувајќи рекордни нивоа од јули 2007 година, благодарејќи на податоците за бруто домашниот производ (БДП) на земјата.

Кон крајот на тргувањето во понеделникот јапонскиот индекс Nikkei 225 порасна за 0,51 отсто, на 18.004 поени, надминувајќи ја психолошки важната бариера до 18 илјади индексни поени првпат по јули 2007 година. Индексот Topix, пак, скокна за 0,69 отсто, на 1.459,43 поени.

Економскиот раст во Јапонија во периодот од октомври до декември минатата година, според првичните процени, изнесува 0,6 отсто наспроти негативниот показател за претходниот квартал од 0,5 отсто. Притоа аналитичарите во анкетата на Reuters очекуваа, негов раст на тримесечно ниво од 0,9 отсто.

На годишно ниво, пак, јапонскиот БДП се зголемил на 2,2 отсто, во однос на претходниот негативен показател од 1,9 отсто. Аналитичарите очекуваа негов раст за 3,7 отсто.

Според главниот економист во институтот „Dai-ichi Life Research Institute“, Хидео Кумано, без разлика на тоа што статистичките податоци се полоши од од прогнозите на експертите, тие означуваат дека Јапонија излегла од рецесијата.

„Економскиот раст беше побавен од очекуваното, но јапонската економија се движи во вистинска насока“, вели Кумано во анкетата на AFP.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП