5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија и Јапонија – преку билатерална соработка до успех во бизнисот

Македонија и Јапонија – преку билатерална соработка до успех во бизнисот

ssk

За време на службената посета во Јапонија, претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), г-ѓа Данела Арсовска и претставник на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот остварија средба со г. Јукио Хамамото, директор за интернационална соработка во министерство за економија, трговија и индустрија на Јапонија.

На средбата разговараа за можностите за интензивирање на соработката

.„Билатералната соработка и институционалното поврзување, е од големо значење за успех и пробивање на компаниите од нашата земја на странските пазари. Сметаме дека тоа е најсоодветен модел за квалитетно воспоставување на темели за идна соработка“, изјави Арсовска.

ssk

Таа додаде дека инвестициските можности што ги нуди Република Македонија за јапонските бизнисмени се порта за влез и етаблирање на нивниот бизнис во европски рамки. Од досегашните средби со претставници од јапонски компании и асоцијации, најголем интерес пројавиле за инвестииции во земјоделството, производството на храна и вино, автомобилските делови.

Во Јапонија, ССК и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот ги разгледаат можностите за зголемување на трговската размена, соработка на компаниите од двете земји, како и реализирање на конкретни проекти преку Јапонија кон целиот Азиски пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП