4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА„Шефе не ми е добро“ - Го правите ли и вие ова?

„Шефе не ми е добро“ – Го правите ли и вие ова?

woman-calling-in-sick-630x419

Денес не ви се одеше на работа, па му се јавивте на шефот да му кажете дека сте болни?

Не сте единствени – според истражувањата, една третина од вработените тоа го прави од време на време. Најчестата причина за ова е тоа што тој ден едноставно не им се оди на работа.

Следна е потребата да се одморат и наспијат, а 11 проценти од работниците на работа не отишле поради лошото време. Најмногу „болни“ имало во трговскиот и услужниот сектор, додека најздрави во ИТ секторот.

Но, ниту работодавците не се наивни. Дури една третина од шефовите проверуваат кога вработените ќе им се јават дека се болни. Едни им се јавуваат на домашниот телефон, други одат на социјалните мрежи да „фатат“ некој знак за лага, а трети бараат потврда од доктор.

Некои шефови толку сериозно ја сфаќаат својата работа, по сопствено признавање, па лично одат до домот на „болниот“ работник за да се уверат дека лицето не ги излажало. А една петтина од испитаниците ги отпуштиле своите вработени поради лажирање на болест.

И затоа, следниот пат кога нема да ви се оди на работа, останете дома, подгответе пакетче марамчиња, вежбајте засипнат глас и никако не „висете“ на Фејсбук.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП