5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдобрени проекти за подобра туристичка промоција на Општина Демир Хисар

Одобрени проекти за подобра туристичка промоција на Општина Демир Хисар

Untitled

Општината Демир Хисар, невладините организации „Бигла“, „Поленка“ и „Арт Поинт – Гумно“, и основното училиште „Гоце Делчев“, добија грантови во поединечна вредност од по 141.000 денари за спроведување проекти за локален развој на подрачјето на Илинска и Плакенска Планина.

„Поздравете ги птиците од Илинска и Плакенска Планина“ е насловот на проектот на невладината  „Арт Поинт-Гумно“ од Слоештица, а членовите на здружението за развој, заштита и унапредување на општеството „Поленка“ од Демир Хисар ќе го работат проектот „Дабова состоина Мренога – Уникатна природна реткост и нераскинлив дел од Плакенска Планина“. Учениците и наставниците од основното училиште „Гоце Делчев“ ќе ја имплементираат проектната идеја за заштита и промоција на Блатниот даб во непосредна близина на манастирот Свети Никола Топлички, покрај локалниот пат за Слоештица, а демирхисарските планинари ќе спроведуваат проект под наслов „Илинска Планина на дланка“.

На годинашниот јавен конкурс на Македонското еколошко друштво, со свој проект првпат учествуваше и општината Демир Хисар. Идејниот и апликативен проект што го изработи дел од вработените во локалната администрација се однесува на промоција на еден од најатрактивните и најживописни предели на Демир Хисар, изворите на Црна Река и селото Железнец.

Проектот предвидува мапирање, обележување, уредување на изворите и селото, како и поставување на хоризонтална туристичка сигнализација. Општината Демир Хисар е единствен апликант кој што за имплементација на овој проект предвиде и сопствено учество на финансиски средства во висина од 31.500 денари, односно за реализацијата на овој проект вкупно ќе бидат вложени 172.500 денари.

Единствената апликација што била одобрена од друга општина бил проектот „Пормоција и заштита на уникатната природна реткост–извор во с.Пополжани “ од Здружение за развој на село Брждани “Брждани 2010” од Кичево.

„Ако се има предвид дека од шест одобрени, дури пет проекти се од демирхисарски апликанти, тоа многу податливо говори колку сериозно, одговорно и посветено се ангажираат општината и демирхисарските невладини организации за подобрување на животната средина во општината“, изјави градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски додавајќи дека реализацијата на петте проекти во вкупна вредност од околу 12.000 евра значително ќе ја промени перцепцијата за Демир Хисар како потенцијално туристичко средиште во овој дел од нашата земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП