4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на азиските берзи, доларот ослабна

Раст на азиските берзи, доларот ослабна

rastenje ekonomija

Цените на акциите на азиските берзи олабнаа во понеделникот, бидејќи инвеститорите ги охрабри излегувањето на Јапонија од рецесија и новиот рекорд на S&P 500 индексот на Волстрит, а се надеват и на напредок во преговорите помеѓу Грција и нејзините кредитори.

На Токијската берза во понеделникот околу 7,30 часот индексот Nikkei беше во плус 0,5 отсто, додека цените на акциите во Сингапур, Јуна Кореја, Хонг Конг, Шангај и Австалија пораснаа од 0,1 до 0,4 отсто.

MSCI индексот на азијско-пацифичките акции, без јапонските, беше во 7,30 часот во плус 0,1 отсто.

Позитивно на берзите влијаеше и новиот рекорд на S&P 500 индексот на Волстрит во петокот, по договорот за примирје во Украина и растот на цената на нафтата.

Откако во петокот цената на нафтата на лондонскиот пазар за прв пат во оваа година се проби над нивото од 60 долари, изутрината се стабилизира околу 61,50. На американската берза, пак, цената на нафтата се стабилизираше околу 52,70 долари.

Најмногу изутрината пораснаа цените на акциите во Токио, при што индексот Nikkei достигна највисоко ниво за осум години, бидејќи инвеститорите ги охрабри податокот дека Јапонија излегла од рецесија.

Во последното тромесечје од минатата година јапонскиот БДП порасна 0,6 отсто на квартално ниво, односно 2,2 отсто на годишно ниво. Иако е тоа послаб раст од очекуваното, индексите сепак ги охрабри првиот пораст на третата по големиа светска економија по два квартални пада.

Позитивно на берзата влијаеа и надежите дека денеска во Брисел министрите за финансии ќе пронајдат заеднички основи за продолжување на преговорите со Атина за решавање на грчките должнички проблеми.

Грчката влада порача во неделата дека е уверена дека ќе постигне договор, иако повтори дека нема да прифати натамошни мерки на штедење.

На валутните пазари доларот благо ослабна, бидејќи сигналите за закрепнување на американската економија ги поддржуваат шпекулациите дека американската централна банка Fed би можела да ја одложи одлуката за зголемување на каматите.

Поради тоа курсот на доларот падна од 118,75 јени, колку што изнесуваше по петокот, на 118,45 јени.

Американската валута ослабна и кон европската, па така цената на еврото достигна 1,1415 долари, додека во петокот изнесуваше 1,1390 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП