18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗApple развива сопствен автомобил

Apple развива сопствен автомобил

apple-car-concept-2-630x354

Технолошката корпорација „Apple“ развива свој автомобил, објави агенцијата „Reuters“.

Според информациите, на чело на проектот за развој на машината е поранешниот инженер на „Ford“, Стив Задески. Од „Reuters“ тврдат дека од „Apple“ најмиле на работа десетици специјалисти кои работеле во автомобилската индустрија.

Во „Reuters“ сметаат дека „Apple“ развива беспилотни возило со кое ќе се натпреваруваат со развиената машина на „Google“.

Последните податоци покажуваат дека Стив Задески добил задача да вработи околу 1.000 луѓе на работа. Целата активност на проектот се врши на тајна локација, сосема блиску до главната канцеларија на „Apple“ во Купертино (Калифорнија).

Во разоткривањето мистеријата за идниот автомобил се вклучи и изданието „Macrumors“ кое објави фотографија на автомобил со камери и сензори на покривот. Според информациите компанијата „Apple“ има преземено неколку такви машини, врз кои работат напорно.

Самата корпорација веќе направи неколку сериозни чекори кон автомобилскиот бизнис, откако ја разви технологијата „CarPlay“ која е користена од водечките светски автомобилски производители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП