19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле скептичен во врска со постигнувањето на договор за долгот на Грција

Шојбле скептичен во врска со постигнувањето на договор за долгот на Грција

Wolfgang-Schaeubleeee

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во денеска рече дека не е многу оптимист кога станува збор за постигнување на договор за долгот помеѓу Грција и нејзините партнери во еврозоната на состанокот планиран за во понедленик во Брисел.

„Од она што го слушнав за техничките разгвори за време на викендот, многу сум скептичен, но денеска ќе добиеме извештај и тогаш ќе видиме“, рече Шојбле одговарајќи на прашање дали министрите за финансии на еврозната ќе најдат решение за проблемот на грчкиот долг.

Шојбле истакна дека Германија не сака Грција да ја напушти еврозоната, но дека новата влада во Атина мора да ги исполни основните услови од нејзината програма за спасување, а не да се постигне компромис само „заради компромисот“.

Германскиот министер за финансии рече дека никој повеќе не сака на Грција да и даде пари без гаранции и дека Атина мора да се придржува до договорените реформи за да биде компетативна.

Според Шојбле, новата грчка влада сега се однесува „прилично неодговорно“ и нема да помогне тоа што се навредуваат оние кои и пружија помош во минатото.

Грчки левичарски весник близок до владејачката Сириза објави минатата недела карикатура која го прикажа Шојбле во нацистичка униформа како говори „инсистираме на сапун од вашето сало“.

Грчкиот министер за финансии денеска треба да се состане со своите колеги од еврозоната и претседателот на Европската централна банка Марио Драги со кои ќе разговара на кој начин треба да подолжи програмата за спас, која завршува на 28 февруари, наведе агенцијата Ројтерс

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП