19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија излезе од рецесија, но потрошувачката бавно расте

Јапонија излезе од рецесија, но потрошувачката бавно расте

japonija-japan-japaja

Јапонија во последниот квартал од минатата година излезе од рецесија, со оглед дека економијата оствари раст прв пат по два тромесечни пада, но растот е послаб од што проценуваа аналитичарите.

Според извештајот на владата објавен во понеделникот, јапонскиот бруто домашен производ (БДП) во четвртиот квартал остварил раст од 0,6 отсто во однос на претходниот квартал, односно, 2,2 отсто на годишно ниво.

Ова значи дека третата по големина светска економија излезе од рецесија, со оглед дека во претходните два квартали БДП остро падна. Но, растот на економијата е помал од очекувањата на аналитичарите кои учествуваат во анкетата на Ројтерс, кои очекуваа раст од 3,7 отсто на годишно ниво, што покажува дека закрепнувањето не е доволно силно.

Личната потрошувачка, која сочинува 60 отсто од економијата, порасна во изминатото тромесечје за 0,3 отсто, додека аналитичарите очекуваа раст од 0,7 отсто.

Капиталната потрошувачка порасна исто така помалку од очекувањата, за 0,1 отсто, додека значителен поттик на раст на БДП дојде од растот на извозот во САД и Кина, двата најголеми извозни пазари на јапонските компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП