18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас уверен во напредок во преговорите со еврозоната

Ципрас уверен во напредок во преговорите со еврозоната

aleksis-cipras-1336595207-159910

Грчкиот премиер Алексис Ципрас рече дека е уверен во напредок во преговорите со министрите на државите членки на еврозоната, што треба да биде одржан во понеделник во Берлин.

„Не ни се потребни пари. Потребно ни е време да ги реализираме нашите реформски планови. Ветуваме дека Грција ќе биде поинаква држава за шест месеци“, изјави Ципрас за германскиот неделник Spiegel.

Тој наведе дека денеска очекува тешки разговори на состанокот на министрите на финансии на ЕУ, но дека е уверене во напредокот, бидејќи, како што истакна, црпи сила од поддршка на грчкиот народ.

„Барам решение во кое сите страни ќе добијат. Сакам да ја спасам Грција од трагедија и Европа од поделби“, истакна Ципрас.

За да успее во својата намера, на грчкиот премиер му е потребна поддршка на Германија и нејзината канцеларка Ангела Меркел.

„Меркел ја доживувам како љубезна личност. Таа не е толку строга како што ја претставуваат медиумите“, вели грчкиот премиер за германската канцеларка.

Ципрас оцени дека Меркел пред се е прагматична политичарка која не сака да ја загрози иднината на Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП