11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДополнителните приходи остварени лани треба да се пријават до 15-ти март

Дополнителните приходи остварени лани треба да се пријават до 15-ти март

danok prijava

Годишната даночна пријава до Управата за јавни приходи до 15 март треба да ја поднесат сите граѓани кои во текот на 2014-та оствариле дополнителен приход.

Оваа годишна даночна пријава ја поднесуваат сите граѓаните кои покрај платата или пензијата оствариле и приходи од капитални добивки, од издавање под закуп на станбен објект (кирија) или хонорар по основ на авторски договор, ако учествувале во наградна игра и оствариле добивка над 5.000 денари, ако имаат примања од странство, работно се ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација.

Граѓаните може да поднесат Годишна даночна пријава до дирекциите на УЈП, во отворените даночни шалтери, како и електронски.

Според информациите од УЈП, во минатата година беа поднесени околу 180.000 годишни даночни пријави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП