19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар отвора телефонска линија за пријавување корупција

Општина Центар отвора телефонска линија за пријавување корупција

centar

Отворениот телефон 02/3203-602 на општина Центар за пријавување на корупција почнува со работа од понеделник. 

„Се повикуваат граѓаните да го пријават секое дело, сознание или информација кои се однесуваат на одредени злоупотреби на општинската администрација, службениците и инспекторите во општина Центар при извршувањето на нивните работни обврски.

Отворениот телефон е сместен и сервисиран директно од кабинетот на градоначалникот на општината. За сите добиени пријави ќе биде лично информиран градоначалникот и наводите од тие пријави ќе бидат проверени во соодветна постапка“, се вели во соопштението.

Отворениот телефон е дел од спроведувањето на политиките на подигање на транспарентноста и професионалноста на општинската администрација и учество на граѓаните и граѓанска контрола во управувањето со општината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП