9 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да се облечете кога сакате да побарате зголемување на платата

Како да се облечете кога сакате да побарате зголемување на платата

35628842354db48043fb79447457831_w640

Барањето на зголемување на платата или подобри услови за работа навистина е застрашувачко и тука нема некоја филозофија или заобиколен пат.

Но покрај резултатите од истражувањата кои покажуваат дека за ова е потребно да го погодите тајмингот, да ги претставите целите и успешно завршените проекти, важен е и изборот на облеката.

На овој голем ден сакате и вашиот изглед да го подигнете на повисоко ниво, но во исто време сакате и да ви биде пријатно и да се чувствувате самоуверено.

Црната е доминантна боја, па секако сакате да имате барем едно парче на себе за да покажете авторитет, но немојте да ја користите опцијата од глава до пет во црно, бидејќи тоа може да биде премногу остро.

Темно сината боја е алтернатива особено ако имате посветол тен и сте со нежна конституција.

Бордо и петролеј се исто така идеални и нема да погрешите со употребата на овие бои.

Од светлите бои, кремастата, пудресто розевата и светло сивата се најприфатливи, но бидејќи генерално асоцираат на нешто нежно, употребете ги само во деталите или на некое помало парче како што е блузата или марамата.

Линиите на вашата облека нека бидат дефинирани, парчњата добро комбинирани и сето тоа перфектно испеглано и уредно, и сигурни сме дека ваквата облека ќе му обезбеди сјајна поддршка на вашето знаење и искуството во постигнувањето на професионалните цели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП