19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина ќе ја преиспита планираната приватизација на аеродромите

Атина ќе ја преиспита планираната приватизација на аеродромите

greecv

Грција има намера да го преиспита договорот за приватизацијата на 14 аеродроми склучен со германскиот оператор „Fraport“, во вкупна вредност од 1,2 милијарди евра, објави во саботата грчката влада, прецизирајќи дека договорот би можел да биде замрзнат.

„Договорот се’ уште не е ратификуван и побаравме да биде замрзнат додека повторно не биде разгледана неговата содржина“, изјави државниот секретар Алекос Фламбурарис за телевизијата Mega.

Договорот беше потпишан со франкфуртскиот оператор на аеродроми „Fraport“, една од финансиски најголеми приватизации во Грција, би можел да биде преиспитан за да се осигури дека е во заеднички интерес, додаде Фламбурарис.

Договорот се однесува на 14 аеродроми кои се ставени под концесија во 2014 година, меѓу кои и вториот по големина аеродром во земјата во Солун, како и аеродромите во туристичките центри како Крит, Родос, Миконос и Санторини.

Приватизацијата на грчките компании е постојаниот проблем меѓу Атина и „тројката“ меѓународни доверители, Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, бидејќи е дел од пакетот за финансиската помош од 240 милијарди долари што го прифатија поранешните грчки власти.

Меѓутоа, новата грчка влада предводена од коалицијата на радикалната левица Сириза, најави дека ќе ја забави приватизацијата истовремено со барање ревизија на условите за враќањето на грчкиот долг на доверителите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП